Иран

Техеран предложил преговори со Вашингтон

12.01.2026 08:53

Претседателот на САД, изјави дека Иран предложил преговори по неговата заканата да ја нападне исламската република поради крвавото задушување на демонстрантите...

Со прекин на интернетот и телефонските линии, тешко е да се процени ситуацијата во Иран. Светските агенции нотираат за стотици загинати и ранети, илјадници уапсени. Претседателот на САД, изјави дека Иран предложил преговори по неговата заканата да ја нападне исламската република поради крвавото задушување на демонстрантите.

„Се чини дека се убиени некои луѓе кои не треба да бидат убиени. Тие се насилни – ако ги наречете лидери, не знам дали се лидери, тие владеат преку насилство. Но, ние го разгледуваме тоа многу сериозно. Ако го сторат тоа, ќе ги погодиме на нивоа на кои никогаш порано не биле погодени и тие дури и нема да веруваат во тоа. Имам опции кои се толку силни. Значи, ако го сторат тоа, ќе бидат пречекани со многу, многу моќна сила“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Претседателот на иранскиот парламент ги предупреди САД и Израел дека би можеле да бидат мети доколку Америка го нападне Иран. Демонстрациите почнаа поради падот на иранската валута, на 28 декември. Економијата на земјата е притисната од меѓународните санкции делумно наметнати поради нуклеарната програма.