Блиски исток

Израел изврши напади врз јужен Либан

12.01.2026 11:02

Целта биле четири згради на милитантната група Хезболах. Либанската војска неодамна објави дека планот за разоружување на недржавни групи е во напредна фаза...

Израелската војска изврши воздушни напади во село во јужен Либан. Нападите следуваа откако израелската армија издаде предупредување за евакуации. Целта биле четири згради на милитантната група Хезболах. Либанската војска неодамна објави дека планот за разоружување на недржавни групи е во напредна фаза.

Израел тврди дека Хезболах продолжува да се вооружува со брзо темпо по повеќемесечната војна кон крајот на 2024 година. Либанската влада обвинува дека тековните израелски напади и окупацијата на пет ридски точки во јужен Либан се пречка за нивните тековни напори.