Гренланд
Трамп уверува дека ќе го земат островот
12.01.2026 09:30
Американскиот претседател повторно рече дека би сакал да склучи договор за стекнување на Гренланд, полуавтономен регион кој е дел од Данска, сојузник во НАТО...

Трамп изјави дека ќе го имаат Гренланд „на еден или друг начин“. Шефот на Белата куќа тврди дека ако САД не го поседуваат, тогаш Русија или Кина ќе го преземат, а не ги сакаат нив за соседи. Американскиот претседател повторно рече дека би сакал да склучи договор за стекнување на Гренланд, полуавтономен регион кој е дел од Данска, сојузник во НАТО.
Меѓународната заедница е против ваквите изјави. Не е јасно како би реагирале преостанатите членки на НАТО доколку сад одлучат насилно да ја преземат контролата врз островот.
