САД

САД: Протести против убиството на 37-годишната Рене Гуд

12.01.2026 09:33

Организациите за граѓански права и имигрантските заедници бараат одговорност за убиството на жената и крај на масовните депортации од страна на администрацијата на претседателот Трамп...

Со транспаренти „нема правда, нема мир“, илјадници луѓе излегоа на улиците на Минеаполис и во други градови во САД поради убиството на 37-годишната Рене Гуд во акција на агент на службата за имиграција и царина. Организациите за граѓански права и имигрантските заедници бараат одговорност за убиството на жената и крај на масовните депортации од страна на администрацијата на претседателот Трамп. Организаторите истакнуваат дека протестите се претежно мирни. Градоначалникот на Минеаполис бара поширока истрага.

„Ајде истрагата да ја води некој што не е пристрасен да не ја води исклучиво ФБИ или Министерството за правда. Да ја води Бирото за криминално апсење на државно ниво. Ова е субјект кој има експертиза. Тие имаат долга историја на истражување случаи како овој и имале истраги што доведоа до заклучоци со и без обвинение. Треба да го направиме ова веднаш, транспарентно“, изјави Џејкоб Фреј, градоначалник (демократ) Минеаполис.

Министерството за внатрешна безбедност, тврди дека агентот пукал во самоодбрана, а Рене Гуд се обидела да им се закани на полицајците со возилото.