Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е поради авионскиот превоз
Како што наведува Славески во објава на социјалната мрежа Х, цените во категоријата Транспорт пораснале за 5,8 проценти, иако цените на горивата и јавниот превоз останале непроменети. Клучен фактор е енормниот раст на цените на авионскиот превоз, кои во декември минатата година се зголемиле за 42 проценти.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оценува дека инфлацијата во декември 2025 година останува стабилна, а месечниот раст од 0,4 проценти е резултат речиси исклучиво на зголемувањето на цените во авионскиот превоз.
Како што наведува Славески во објава на социјалната мрежа Х, цените во категоријата Транспорт пораснале за 5,8 проценти, иако цените на горивата и јавниот превоз останале непроменети. Клучен фактор е енормниот раст на цените на авионскиот превоз, кои во декември минатата година се зголемиле за 42 проценти.
Доколку транспортот, односно авионскиот превоз како странска компонента, се изостави од пресметката, месечната инфлација во декември би изнесувала 0,0 проценти, што според гувернерот е јасен показател за стабилни ценовни притисоци и основа 2025 година да заврши со инфлација под 3 проценти.
Државниот завод за статистика информира дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во 2025 година во однос на 2024 година изнесува 4,1 проценти, додека индексот на цените на мало е зголемен за 3,6 проценти. Најголем годишен раст е забележан кај рестораните и хотелите, рекреацијата и културата, како и кај храната и безалкохолните пијалаци.
