Ѓорческа со убедлива победа стартуваше во квалификациите за Австралија опен
Мечот траеше 62 минути, а Ѓорческа направи изненадување против 108. тенисерка на светот
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно ги почна квалификациите за Австралија опен, откако во првото коло ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5, 6:0).
Мечот траеше 62 минути, а Ѓорческа направи изненадување против 108. тенисерка на светот. По израмнет прв сет, во кој спаси две сет-топки и со серија од четири гема стигна до 7:5, македонската тенисерка во вториот сет доминираше целосно и со три брејка ѝ дозволи на ривалката да освои ниту еден гем.
Со оваа победа, Ѓорческа се пласира во втората рунда од квалификациите, каде ќе игра против Тамара Зиданшек од Словенија, која е рангирана на 151. место на ВТА-листата.
Фото: МИА
