Лос Анџелес

Камион влета во толпа демонстранти во Лос Анџелес, има повредени

12.01.2026 17:42

Илјадници луѓе биле собрани за да покажат солидарност со тековните протести во Иран, кои резултираа со повеќе од 580 смртни случаи...

Најмалку две лица се повредени, откако возач со камион удрил во толпа демонстранти за време на протест против иранскиот режим во Лос Анџелес. Илјадници луѓе биле собрани за да покажат солидарност со тековните протести во Иран, кои резултираа со повеќе од 580 смртни случаи. Според информациите, откако возилото влетало меѓу демонстрантите, тие најпрво се тргнале од патот, а потоа почнале да трчаат по камионот, обидувајќи се да го сопрат и да го нападнат возачот.

На двете повредени лица им е пружена медицинска помош на местото на настанот. Властите сè уште не пријавиле апсења во врска со инцидентот.