Авиосообраќај

3,5 милиони патници и раст од 9% на двата македонски аеродроми во 2025 година

12.01.2026 20:41

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид ја заокружија 2025 година со значителен раст на патничкиот и летачкиот сообраќај, покажуваат податоците на ТАВ Македонија...

Двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид, во 2025 година опслужиле вкупно 3.475.288 патници, што претставува зголемување од 9 отсто во споредба со 2024 година, соопшти ТАВ Македонија.

Во истиот период реализирани се околу 26.500 летови, што е за 4 отсто повеќе од претходната година. Само во декември 2025 година, двата аеродроми опслужиле 294.781 патник, што е раст од 25 проценти на годишно ниво.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, вели дека позитивните резултати се резултат на стратешки инвестиции, проширување на мрежата на авиолинии и зголемена побарувачка за патувања.

Од ТАВ најавуваат дека во текот на 2026 година мрежата на дестинации дополнително ќе се прошири со нови авиолинии од Скопје и Охрид, што се очекува да придонесе за натамошен раст на патничкиот сообраќај.