Македонија
УХМР: Стабилно и суво до крајот на неделава, од среда потопло
12.01.2026 19:49
Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната дневна ќе достигне 11 степени.

До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната дневна ќе достигне 11 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
