Македонија
Осуда и истрага за инцидентот со Бугарската амбасада
12.01.2026 11:14
Македонското МНР го осуди инцидентот, бугарското МНР остро реагираше како недозволиво посегнување врз дипломатската мисија.

МВР работи на расчистување на случајот со Бугарската амбасада во Скопје, каде вчера, непознат сторител го оштетил стаклото на влезната врата на дипломатското претставништво.
Објавено е видео, на кое се гледа како непознато лице со тупаница го крши стаклото. Од МВР велат дека се преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителот.
Македонското МНР го осуди инцидентот, бугарското МНР остро реагираше како недозволиво посегнување врз дипломатската мисија.
Софија побара брза и ефикасна истрага.
