Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон очекуваат второ дете
09.09.2014 10:50
Лондонските медиуми ова лето на неколкупати најавуваа дека Кејт Мидлтон би „би сакала да има уште едно дете“ тврдејќи дека таа и принцот Вилијам би сакале второто дете да е девојче.

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин (Кејт) Мидлтон очекуваат второ дете, соопшти Кларенс Хауз, службената резиденција на војводата и војвотката од Кембриџ, потврдувајќи дека сопругата на идниот британски крал, е бремена.
Лондонските медиуми ова лето на неколкупати најавуваа дека Кејт Мидлтон би „би сакала да има уште едно дете“ тврдејќи дека таа и принцот Вилијам би сакале второто дете да е девојче.
Како и во текот на првата бременост, Кетрин Мидлтон има проблеми во утринските часови, проследени со гадење и потреба од повраќање, па во Кенсингтон Палас каде живеат војводата и војводката, Мидлтон е опкружена од лекари. Тие меѓутоа потврдија дека нејзината вкупна здравствена положба е сосема добра.
Кралицата Елизабета, баба на принцот Вилијам, како и членовите од двете семејства, во официјално соопштение, ја изразија „својата среќа од веста“ за бременоста на војводката од Кембриџ.
Во посебна порака на Твитер, задоволство од веста дека Вилијам и Кејт очекуваат второ дете, изрази и британскиот премиер Дејвид Камерон. Малиот принцот Џорџ, првото дете на војводата и војвотката, кое е трет во редот на претендентите на британскиот престол, веќе наполни една година.
