стандард
Се намали цената на јајцата
12.01.2026 16:07
Во просек за 40-тина денари се намали цената на јајцата. Граѓаните задоволни, а од Министерството за економија и труд велат-се должи на пазарните движења …

По ценовните шокови, стигна и раритет – се намали цената на јајцата. Од денеска, а во некои маркети и од пред Нова година, цената падна за 20 до 40 денари.
Според продавачите, ноемврискиот ценовен шок беше поради извозот и намаленото производство. Сега се стабилизира пазарот.
Ценовната стабилност на јајцата треба да продолжи.
Во најтешкиот месец од годината, намалена цена на основен производ-може да го поправи расположението.
Елизабета Митреска
