Измените на Кривичниот законик во Собрание
Клучни измени се враќањето на членот 353, кој се однесува на злоупотреба на службената должност, несовесното работење и злосторничко здружување. Дополнувања има и во законот за сообраќај, експлицитни снимки и фемицид...

Кривичниот законик влезе во собраниска процедура. Клучни измени се враќањето на членот 353, кој се однесува на злоупотреба на службената должност, несовесното работење и злосторничко здружување. Дополнувања има и во законот за сообраќај, експлицитни снимки и фемицид. Новото законско решение е на барање на Уставниот суд.
Опозицијата ќе гласа „ЗА“ измените, но побара јавна расправа. Експертското мислење да биде основ за подготовка на амандманите. Од ВРЕДИ сметаат дека тоа би било губење на време. Расправа да, ама за новиот Кривичен законик на кој се работи во Министерството за правда. За ВМРО-ДПМНЕ прифатливо е вклучување на експертската јавност.
На барање на владејачкото мнозинство одложено усвојувањето на законите за полиција и за внатрешни работи.
Марина Стојанова-Тонева
