18 години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце
Овие луѓе никогаш нема да бидат заборавени, со нивните дела покажаа како се сака татковината, рече министерот за одбрана Мисајловски, кој заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Сашко Лафчиски го посетија спомен-обележјето во Катлановско Блаце.

На 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце се урна армискиот хеликоптер со 11-мина мировници коишто се враќаа од мировната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Овие луѓе никогаш нема да бидат заборавени, со нивните дела покажаа како се сака татковината, рече министерот за одбрана Мисајловски, кој заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Сашко Лафчиски го посетија спомен-обележјето во Катлановско Блаце.
Осумнаесетгодишнина од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ. Животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.
Во несреќата пред 18 години немаше преживеани. Денеска на спомен обележјето положени венци и свежо цвеќе. Оддадена почит на припадниците на армијата.
Припадници на воздухопловниот ВИНГ положија цвеќиња и на спомен-обележјето пред командата во касарната во Петровец.
Ана Јосифоска
