Муцунски: Инцидентот со Бугарската амбасада е изолиран случај
„Се работи за изолиран случај, нашите институции максимално брзо ги преземаат сите потребни дејствија“, Муцунски за нападот врз Бугарската амбасада во Скопје.

Изолиран случај во кој е причинета мала материјална штета, вака македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски го коментира инцидентот со кршењето на стаклото на влезната врата од Бугарската амбасада во Скопје. Сепак, вели тој, Министерството за надворешни работи максимално го осудува овој инцидент.
Од бугарското Министерство за надворешни работи, пак, велат дека станувало збор за недозволив и дрзок напад брз дипломатско претставништво. Тврдат дека инцидентот е резултат на наводен системски недостиг на реакција од страна на македонските власти.
„Ваквата неказнивост креира впечатоци дека ваквите потези се дозволени. Нема превенција, напротив, луѓето се чувствуваат слободни во демонстрирањето на антагонизми“, изјави Бугар.
Разочарувачки е начинот на кој Бугарија комуницира со нас по прашањето за акцискиот план за малцинствата, вели шефот на македонската дипломатија, откако Бугарија го одби овој план, изготвен од Македонија, меѓу другото, поради тоа што е на македонски јазик.
Објавата на бугарското Министерство за македонскиот јазик беше срамна и некоректна, вели Муцунски, откако бугарската страна наместо македонски, го искористи терминот, достапен јазик.
Марија Котовска
