ЦУК: Состојбата со поплавите се смирува, но и понатаму има излевања на реки и одрони
Во охридско, на река Сушица со багер е подигнат заштитен насип и е спречено понатамошното излевање, но има поплавени подруми и дворови на повеќе локации, исто како и во Мислешево и Калишта во струшко...

Состојбата со поплавите полека се смирува, но и понатаму има излевања на реки и одрони, информира ЦУК.
Во охридско, на река Сушица со багер е подигнат заштитен насип и е спречено понатамошното излевање, но има поплавени подруми и дворови на повеќе локации, исто како и во Мислешево и Калишта во струшко.
Во пелагониско водата постепено се повлекува од нивите. Исклучок е Демир Хисар каде проблем прави реката Црна.
Радика во дебарско е со зголемен водостој, но нема опасност од излевање. Во кичевско, водостоите на Зајашка река и Треска се намалени и нема опасност од нови излевања.
Во полошко е нормализиран сообраќајот меѓу Тетово и Бањиче, денеска се расчистуваше и кај каменоломот на патниот правец кон Маврово.
