Македонија

Гаши: Предвремените избори носат нестабилност

12.01.2026 15:53

Претседателот на законодавниот дом соопшти дека сè уште не постигна договор на партиите во парламентот за изборот на народниот правобранител, за гласањето на Законот за прекршоците, за кој е потребно и Бадинтерово мнозинство. Во врска со отворената дебата за предвремени парламентарни избори Африм Гаши вели дека е против...

Претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, на брифинг со новинарите по координација со пратеничките групи соопшти дека сè уште не постигна договор на партиите во парламентот за изборот на народниот правобранител, за гласањето на Законот за прекршоците, за кој е потребно и Бадинтерово мнозинство.

Гаши посочи дека сè уште се чека допис од Министерството за правда за да се формира работна група за изборното законодавство. Спикерот на парламентот се надева дека партиите ќе се договорат за овие значајни прашања.

Во врска со отворената дебата за предвремени парламентарни избори, претседателот на Собранието, Африм Гаши, вели дека е против и „лично е поборник за редовни избори, не само поради економска и политичка стабилност, како што рече Гаши, туку и заради мерливост на резултатите.