Македонија

Јавноста поделена околу предложениот закон за заштита од пушење

12.01.2026 17:07

Оние кои секојдневно пушат цигари тешко се откажуваат од лошата навика, па и не го поддржуваат предложениот закон. Оние кои не уживаат во тутунот се жалат дека мора да се стави ред, оти постојното решение никој не го есапи...

Некои го поздравуваат, други остро го критикуваат Предлог-законот за заштита од пушење што предвидува ограничување на продажбата и забрана за пушење во јавни и работни простории.

Оние кои пушат цигари цел живот, тешко се откажуваат од нив, па не се согласуваат со решението.

Помладите, пак, сметаат дека е ова одличен чекор за да се намали зависноста на населението и да се стави ред во локалите каде наголемо се пуши.

По години колебање, половични решенија и слаба примена на постојната регулатива, државата повторно се обидува радикално да го ограничи пушењето.

Надлежните се децидни – тутунот и никотинот остануваат водечка причина за прерана смрт.

Борис Грујоски