Работа наместо агонија
Грција нема намера да го реши спорот за името со Македонија

Грција нема намера да го реши спорот за името со Македонија. Наоѓа изговори тоа да не се случи. Иако не фрустрира таквата состојба ние работиме и не паѓаме во агонија – вели во интервјуто за босанската државна делевизија, премиерот Никола Груевски. Според него, голема грешка е солидарноста што на Грција и ја даваат членки на ЕУ и НАТО.
Да бидете солидарни кога некој некоректно, непринципиелно, се однесува надвор од правилата на меѓународното право, таа солидарност за мене е контрапродуктивна- рече во интервјуто премиерот Груевски
Со државен долг од 34 проценти, умерена стапка на дефицит Македонија е 4-та земја во Европа со најнизок ранг на задолженост, вели Груевски. Негира дека со изградбата на спомениците, државата е на работ од банкрот. Македонскиот премиер изјави дека добрата бизнис клима ги привлекува странските инвеститори во земјата.
Груевски најави дека во февруари почнува изградбата на два автопати во Македонија, проекти тешки 570 милиони евра обезбедени преку Кина.
Миле А. Ристески
