Собрание

Измените на Кривичниот законик прифатени во прво читање

12.01.2026 18:46

Собранието едногласно ја поддржа потребата од носење на новиот Кривичен законик. Власта образложи дека се носат за да се пополни правната празнина, по барање на Уставниот суд. Опозицијата дава поддршка, но се заложи за јавна расправа за вклучување на експертската јавност...

Без ниту еден глас против измените во Кривичниот законик го минаа првото читање на пленарна седница. Клучни измени се враќањето на членот 353 кој се однесува на злоупотреба на службената должност, несовесното работење и злосторничко здружување. Дополнувања има и во Законот за сообраќај, експлицитни снимки и фемицид. Новото законско решение е на барање на Уставниот суд.

Опозицијата ќе гласа за измените, но побара јавна расправа. Експертското мислење, да биде основ за подготовка на амандманите.

Од „Вреди“ сметаат дека тоа би било губење на време. Расправа да, ама за новиот Кривичен законик на кој се работи во Министерството за правда.

За ВМРО-ДПМНЕ прифатливо е вклучување на експертската јавност.

На барање на владејачкото мнозинство одложено усвојувањето на законите за полиција и за внатрешни работи.

Миле А. Ристески