МВР

МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој усмрти пешак во Капиштец

12.01.2026 19:31

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје.

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

Несреќата се случи на 9-ти јануари на ул. „Народен фронт“ во Скопје, кога 18-годишникот со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди. Возачот со возилото избега од местото на настанот.