Трагедија

Денеска и утре се одржува вевчанскиот карневал

13.01.2026 09:12

Василичарскиот дел почнува со дефилето под маски на двете друштва горна и долна маала кои ќе прошетаат на вевчанските улици...

Денеска и утре се одржува вевчанскиот карневал. Василичарскиот дел почнува со дефилето под маски на двете друштва горна и долна маала кои ќе прошетаат на вевчанските улици.

Неизоставен дел од традицијата се маските земат, невестата, двата ѓавола, глупавиот август и други маски инспирирани актуелните политички случувања. Преку маските вевчанци на сатиричен начин ги прикажуваат општествените случувања во изминатата година. Велат, дека секоја маска е одраз на настаните, појавите и проблемите кој ја одбележале претходната година.

Манифестацијата завршува со традиционално василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.