Регион

Таксистите во цела Грција започнаа 48-часовен штрајк

13.01.2026 09:15

Синдикалните организации се противат на обврската сите такси возила постепено да се заменат исклучиво со целосно електрични. Меѓу другото, бараат измени на законот за заштита на конкуренцијата, бесплатни простори за чекање и паркирање на возилата, финансиска поддршка на секторот преку субвенции за гориво, вклучување на таксистите во европските програми...

Такси превозниците во Грција почнаа 48-часовен штрајк. Синдикалните организации се противат на обврската сите такси возила постепено да се заменат исклучиво со целосно електрични. Меѓу другото, бараат измени на законот за заштита на конкуренцијата, бесплатни простори за чекање и паркирање на возилата, финансиска поддршка на секторот преку субвенции за гориво, вклучување на таксистите во европските програми. Во Атина и Солун, во рамките на штрајкот, закажани се и протести.

Во исто време, земјоделците и сточарите, во 15 часот по локално време треба да се сретнат со премиерот Мицотакис во престолнината по повеќе од 40 дена блокади на границите и на повеќе локации низ целата земја.