Украина

Зеленски бара построги мерки за Русија

13.01.2026 10:52

Антивладините протести во Иран се јасен знак дека работите нема да станат полесни за Русија и важно е светот да не го пропушти овој момент, став на украинскиот претседател.

Антивладините протести во Иран се јасен знак дека работите нема да станат полесни за Русија и важно е светот да не го пропушти овој момент, став на украинскиот претседател. Зеленски, исто така се осврна и на ситуацијата во Венецуела и акцијата против санкционираните нафтени бродови под руско знаме во Северниот Атлантик изминатата недела.

Повика на построги мерки против руската „флота во сенка“ и финансиските шеми што овозможуваат заобиколување на санкциите.

„Гледаме дека постојат многу алатки за блокирање на оние кои ги избегнуваат санкциите или поддржуваат маргинални режими. Русија мора да почне да го испробува сето ова сега, ако одбие да се движи кон вистински мир. Особено затоа што кругот на соучесниците на Русија се стеснува“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Советот за безбедност на ООН на итна седница дискутираше за тековните руски ракетни напади насочени кон украинските цивили и енергетската инфраструктура, во зимски услови во земјата разурната од војна.