Гренланд во никој случај не може да прифати преземање од страна на САД
„Сите членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, имаат заеднички интерес за одбраната на Гренланд. Островот е членка на НАТО и затоа одбраната мора да биде под НАТО“, соопшти коалициската влада на островот...

„Сите членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, имаат заеднички интерес за одбраната на Гренланд. Островот е членка на НАТО и затоа одбраната мора да биде под НАТО“, соопшти коалициската влада на островот, додавајќи дека во никој случај не може да прифати преземање од страна на САД.
Изјавата следува откако Трамп истакна дека на еден или на друг начин мора да го поседува островот, за да ги спречи Русија или Кина да ја окупираат стратешки лоцираната територија која е и богата со минерали.
Планирано е неделава дански и американски претставници да разговараат за Гренланд.
