Традиција
Стара нова година и потрага по среќата
13.01.2026 13:59
Ќе ја пречекаме Стара нова година или Василица. А според обичаите во прилепско – на Василица се бара среќната паричка. Обичаите се богати, а граѓаните непоколебливо велат - веруваме во среќата.

Ќе ја пречекаме и Стара нова година. И пак весело, во друштво, со многу желби, а може да падне и зарот. Да се предизвикаат среќата и верувањето во неа.
Ќе се заврти и мазникот со среќната паричка за да се благослови оној кој ќе ја најде. Дома или на работното место. Прилепчани со вековна традиција на Василица да ја побараат среќата.
Може и на Бадник и на Василица. Битно е да е во некрстените денови до Водици, велат етнолозите. Богати се обичаите за Василица.
Почетокот на годината е вистинско време за надежите.
Елизабета Митреска
