Притвор за две лица од Тиквешијата за педофилија
Во два одвоени случаи на сексуална злоупотреба во Неготино и Кавадарци жртви се деца на возраст од 8 и 14 години, соопшти ОЈО Кавадарци. Кај децата жртви се јавуваат депресија, вознемиреност, нарушен емотивен развој велат психолозите …

Притвор за две лица од Тиквешијата, за педофилија. Во првиот случај силувано е дете кое не наполнило 15 години а второто за таткото кој ја допирал 13 годишната ќерка. По барање на ОЈО Кавадарци двете лица добиле по 30-дневен притвор додека за лицето од првиот случај, кое го наведувал малолетникот на сексуални односи и да ги снима додека воделе со партнерот, доби мерка на претпазливост.
„Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон. Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства. Во вториот случај татко од Кавадарци е осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка. Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години“- соопштија од ОЈО Кавадарци.
Кај децата жртви ваквите случаи го нарушуваат психо-социјалниот живот и емотивен развој, велат психолозите.
Како последица од полово злоупотребено дете се јавуваат депресија, пост-трауматично стресно нарушување, вознемиреност, склоност кон повторна виктимизација во подоцнежна возраст.
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.
Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.
Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.
Петар Печков
