Одложена главната расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“ која требаше да се одржи утре
Се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска...

Главната расправа за пожарот во кочанската дискотека која требаше да се одржи утре е одложена информираат од скопскиот Кривичен суд. Се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, бранителот е избрана за член на Судскиот совет, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26 месецов, во судницата во казнено поправниот дом Идризово.
Заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа стои во дописот од судот.
