лидерска средба
Ќе има ли договор за клучните прашања?
13.01.2026 13:25
Ќе се бара консензус за реформските закони, евроинтеграциската агенда и укинувањето на Техничката влада...

За утре напладне во Клубот на пратеници премиерот Мицкоски ја најави лидерската средба. Ќе се бара консензус за реформските закони, евроинтеграциската агенда и укинувањето на Техничката влада. На маса треба да се најде и статусот на Изборниот законик, и изборот на Народен правобранител. СДСМ најави бојкот. ДУИ допрва ќе се изјасни. Какви се ставовите наспроти утрешната лидерска, ќе има ли дијалог или договор за договарање?
Миле А. Ристески разговара со аналитичарот Љуљзим Фаризи.
