Здравство
Клиниката „Козле“ е полна со болни деца
13.01.2026 13:37
Висока температура, кашлица, изнемоштеност се најчестите симптоми...

Се поголем број на заразени со грип, амбулантите полни, но и болничките капацитети. Висока температура, кашлица, изнемоштеност се најчестите симптоми. Се почести се и компликациите од вирусот особено кај децата. Десетина на Клиниката во Козле се на кислородна поддршка.
Андријана Ѓурческа известува.
