Турската компанија „OXI Group“ ќе инвестира во Битола
Група од 12 директори претставници на четири динамични турски компании, на покана на амбасадорот на Македонија во Турција, Горан Ташковски, деновиве беа во посета на Македонија...

Турската компанија „OXI Group“ која по втор пат е во посета на Макеоднија, објави дека планира да отвори фабрика за извоз на лепенки за гуми во Битола, соопштуваат од кабинетот на министерот за привлеквуање странски инвестиции, Џери Наумоф.
Група од 12 директори претставници на четири динамични турски компании, на покана на амбасадорот на Македонија во Турција, Горан Ташковски, деновиве беа во посета на Македонија. Тие остварија средба со министерот Наумоф.
„Турција и Македонија се блиски соседи со пријателски односи. Врз основа на односите со многу компании на кои во овој период работиме, нашите планирани патувања и конкурентна про-бизнис средина која Македонија има создадено, јас предвидувам уште многу повеќе турски проекти во блиска иднина кои ќе отворат многу повеќе работни места за Македонците“, изјави министерот Наумоф.
Македонскиот амбасадор во Турција, Горан Ташковски, потенцираше дека Македонската амбасада веќе три години напорно работи на воспоставување силна врска помеѓу бизнисмените и компаниите од Турција и Република Македонија преку промоција на принципите на отвореност, чесност, комуникација, доверба и искрено пријателство.
„Владата на Република Македонија заедно со Премиерот и Министерот за странски инвестиции, Џери Наумофф успеаја во промовирање на сите позитивни услови што ги нуди Македонија за привлекување на странски инвестиции од Република Турција. Ние ќе продолжиме да ги интензивираме овие врски и во иднина“, истакнал амбасадорот Ташковски.
