Утре лидерска средба иницирана од премиерот
За утре напладне во Клубот на пратеници премиерот Мицкоски ја најави лидерската средба. Ќе се бара консензус за реформските закони, евроинтеграциската агенда и укинувањето на Техничката влада. На маса треба да се најде и статусот на Изборниот законик и изборот на Народен правобранител. СДСМ најави бојкот. ДУИ допрва ќе се изјасни...

Техничка влада, реформски закони, Бадинтер како неопходен механизам. Лидерска средба со доволно сериозни теми. Од Владата велат известени се само дека лидерот на сдсм нема да присуствува на состанокот. Покрај коалициските партнери во владата ВРЕДИ и ЗНАМ, на лидерската присутна ќе биде и Левица. Законите од правосудството во фокусот. Во ВРЕДИ велат нема теми за разговор на лидерската се е отворено. Сепак нагласуваат дека се за укинување на Техничката влада.
Граѓаните очекуваат крупни чекори и реформи коментира аналитичарот Љуљзим Фаризи, но одбивањето некој да присуствува на средба од овој тип го смета за теснопартиски интерес. Бадинтерот е исклучително важна алатка која се гледа дека прави проблеми. Тука покрај законите, станува збор и за исклучително важната институција народен правобранител.
Помалите партии иако нема да се присутни на лидерскиот состанок, велат дека е добро да се одржи, но потенцираат дека треба да се разговара и за изборниот модел со една изборна единица.
Миле А. Ристески
