Новиот закон готов, стариот не се почитува доволно
Од 1-ви март стапува во сила новото законско решение за пушење. Надлежните велат, ќе ја намали високата стапка на популацијата која е зависна од цигари, ќе ги заштитат и децата кои според истражувањата почнуваат да пишат на најрана возраст. Најавите ги загреаа социјалните мрежи, жестока војна меѓу пушачите и непушачите. Угостителите го анализираат законот, казните се високи. Но, колку продуктивен се покажа постоечкиот закон со забрани за пушење во затворен простор донесен во 2010-тата?

Туристичко-угостителската комора подготвена да седне на маса со владата за да ги дискутираат следните чекори за законот за пушење. Од таму за МТВ велат дека мора да се има период за адаптација. Во предлог новите правила, според членот три се предвидува ограничување на пушењето во 16-тина јавни и отворени и полуотворени простории.
„Во однос на новите предлог-мерки за пушење ние како Туристичко-угостителска комора заедно со нашите членки деновиве градиме став во врска со новите предлог решенија. Во најкраток можен рок ќе излеземе со свои предлози размислувања и барања“, изјави Аркан Керим – претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК.
Само за декември 2025, инспекцијата направила 273 надзори на објекти. За само еден месец, изречени се речиси 37.000 евра.
Новиот закон за заштита пушењето се очекува да стапи во сила од 1 март.
Казните за прекршување на законските одредби се движат од 2.000 до 3.000 евра за мало правно лице, од 3.000 до 4.000 евра средно правно лице, а од 4.000 до 5.000 евра големо правно лице. Казната за физичките лица ќе биде во износ од 150 до 300 евра.
Дали новите правила на игра и построгите мерки ќе го заштитат здравјето или ќе го загрозат бизнисот? Надлежните уверуваат дека стравовите од затворање кафулиња и локали се неосновани и дека станува збор за европски, а нерестриктивен закон, чија цел не е казнување, туку превенција и заштита на јавното здравје. Ќе има целосната забрана за пушење пред јавни институции – болници, клинички центри, училишта, градинки, министерства и други државни објекти. Анализите не покажуваат негативни ефекти врз стопанството.
Иако се отворени за дискусија околу новиот закон за пушењето, сепак властите се цврсти на ставот дека со предлог-законот не се забранува пушењето како навика, туку се воведува ред каде и под кои услови тоа може да се прави.
Борис Грујоски
