Македонија

По 13 години нафтоводот Солун – Скопје повторно пуштен во функција

13.01.2026 15:58

По 13 години, на новогодишната ноќ проработе нафтоводот Солун-Скопје. Првата пратка дизел е веќе во рафинеријата во Скопје...

По 13 години застој, во функција е нафтоводот Солун – Скопје. На последниот ден од годината пуштен е во употреба нафтоводот, соопшти извршниот директор на „Helleniq Energy“, Андреас Сиамисис објавија грчките медиуми.

Веќе е испорачана првата пратка, а во следниот период ќе следи и втората.

Извршниот директор на компанија, истакнал дека во суштина станува збор за еден вертикален коридор за снабдување со традиционални производи, со оглед на тоа што нафтоводот ќе пренесува дизел гориво, кое е основниот производ во поширокиот регион.

Премиерот Христијан Мицкоски на крајот на ноември рече дека Владата ги презема сите чекори за ставање во функција на продуктоводот, којшто со години не е во функција и најави негово рестартирање.

Нафтоводот беше неактивен од 2013-та година.

Марина Стојанова – Тонева