17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип
Затвор во времетраење од 17 години за турскиот државјанин Кадир Кара и протерување од Македонија по издржување на казната – пресуди денес Основниот суд во Штип. Обвинети сè уште четворица помагатели, сите од Турција. Судската постапка за нив продолжува на 20-ти јануари...

Затвор во времетраење од 17 години за турскиот државјанин Кадир Кара и протерување од Македонија по издржување на казната – пресуди денес Основниот суд во Штип.
Пресудата доаѓа откако обвинетиот Кара призна вина за убиството на Енес Оздемир турски државјанин на судското рочиште во декември. Обвинети сè уште четворица помагатели, сите од Турција. Судската постапка за нив продолжува на 20 јануари.
Настанот се случи на 8 мај во угостителски објект на плоштадот во Штип кога беше убиен турски државјанин Енес Оздемир.
Според обвинението, осудениот Кадир Кара со помош на четири лица се обидел да избега, но беа фатени на наплатна рампа на автопатот „Гоце Делчев“, бегајќи од Штип кон Скопје.
Славица Величковска
