Скопје

Зголемен бројот на кучиња скитници на скопските улици

13.01.2026 17:26

Граѓаните сѐ повеќе реагираат на зголемениот број кучиња по улиците, велат, стравот е поголем во вечерните чамов. Според МВР најмногу пријави за каснати од куче во скопски Карпош, Гази Баба и Аеродром. Закони има, но само на хартија. Топката за одговорност се префрла.

Закони има, но само на хартија. Во пракса сè поголем број на кучиња шетаат по улиците. Надлежни се Град Скопје, општините и Лајка.

Од почетокот на оваа година до денеска во МВР стигнале 19 пријави од граѓани коишто биле каснати од куче. Најмногу во општина Карпош.

Според податоците на МВР, најмногу пријави има во Карпош – 6 и по 3 во општина Гази Баба и Аеродром. Последните три месеци од 2024-та и 2025-та, бројот на пријави од граѓани кои биле каснати од куче е идентичен, односно 188 пријави стигнале до МВР.

Во октомври, ноември и декември во општина Гази Баба имало 50 пријави минатата година а 46 во 2024. И во Аеродром не бил многу помал бројот на поднесени пријави за последните три месеци. Во 2024 – 23, а минатата година 39 пријави.

Граѓаните честопати се сведоци како неколку кучиња се истовараат од комбе и се оставаат на улица. Исплашени се, особено во ноќните часови.

Од адвокатската фела сметаат дека потребно е сите кучиња да бидат чипирани и да се знае со име и презиме кој ги чува, доколку е напуштено некое куче, сопственикот на истото да сноси санкции. Додаваат дека локалните власти ги разнесуваат кучињата од еден во друг град, а никој не презема одговорност и топката си ја префрлаат еден на друг.

Ана Јосифоска