Втора фаза од мундијалскиот маратон
Полска, Бразил и Русија засега најсигурно играат.Тоа се единствените три непоразени селекции...

Втор ден на затишје на светското одбојкарско првенство во Полска. Осумте „губитници“ од првиот круг се веќе дома. 16-те селекции, кои го минаа првиот тест со пет натпреварувачки задачи, поделени во две групи остануваат на никогаш досега подолгиот натпреварувачки предизвик.Полска, Бразил и Русија засега најсигурно играат.Тоа се единствените три непоразени селекции. Полјаците и Бразилците на повисокото натпреварувачко рамниште се искачија со максимални 9 бодови,а Русите со еден помалку.
Според првичните впечатоци, тоа е триото во кое треба да се бара идниот светски првак. Франција ,Германија, Иран, Србија и Бугарија засега го сочинуваат вториот мундијалски ешалон. Од големите имиња низ одбојкарската историја, Американците веќенемаат право на грешка,а пред Италија стои скоро невозможната мисија за влез во ¼ финалната група. Во Полска се игра одлична одбојка! Високиот играчки квалитет, но и извонредниот амбиент на трибините се предвесник за можеби најдоброто светско првенство досега. Сигурно е дека овој своевиден натпреварувачки маратон кој ќе трае до 21 септември,перманентно ќе поприма се поголема спектакуларност!
Утре сите 16 селекции одново излегуваат на мегдан.Бразил-Бугарија, Србија-Италија, Полска-САД се мечевите со најголема привлечност.
„Е“ група:
16.30 Бидгошч:Аргентина-Франција
16.30 Лоѓ: Србија-Италија
20.15Бидгошч: Австралија-Иран
20.15 Лоѓ: Полска-САД (МРТ-пренос)
„Ф“ група:
16.30 Катовице:Бразил-Бугарија (МРТ-пренос)
16.30 Вроцлав:Финска-Русија
20.15 Катовице:Германија-Кина
20.15 Вроцлав:Куба-Канада
