Европа

Леден дожд ги затвори аеродромите во Виена, Будимпешта и Братислава

13.01.2026 20:11

Будимпешта и Братислава утринава привремено ги затворија пистите, оставајќи илјадници патници заглавени. Проблеми се регистрирани и во железничкиот сообраќај...

Екстремно ниските температури и ледениот дожд предизвикаа хаос во авиосообраќајот во делови од Централна Европа. Аеродромите во Виена, Будимпешта и Братислава утринава привремено ги затворија пистите, оставајќи илјадници патници заглавени.

„Важно е да се следат информациите што ги даваат авиокомпаниите и да се дејствува соодветно. Во текот на утрото, осум летови беа пренасочени, што значи дека мораа да слетаат на други аеродроми во други градови, обично Белград, Загреб или Грац. Пет летови беа откажани“, изјави Каталин Валентињи, заменик-директор за комуникации на аеродромот во Будимпешта.

Проблеми се регистрирани и во железничкиот сообраќај.