Судство

Судскиот совет ќе избира нов уставен судија по новиот закон

13.01.2026 18:39

По осум месеци од поништената пресуда за изборот на Дуковска, Судскиот совет ќе избира нов уставен судија, но според новиот закон...

Судски совет ќе го пополнува испразнето место во Уставен. По пресудата на Управниот суд да го поништи изборот на Елизабета Дуковска за судијка во Уставен, одлучи да распише огласот, согласно новиот закон за Судски совет, што беше донесен кон крајот на минатата година.

Камбовски вели дека тие треба да постапат согласно напатствијата во пресудата на Управниот суд, како и во согласност со правата што ги имаат сите судии.

Членот на судскиот Џенета Бектовиќ, пак, истакна дека ако со претходното решение се барало кандидатот за Уставен судија да има најмалку 15-годишно искуство, новиот закон за Судски совет предвидува тоа да биде најмалку 20 години.

Николовски, пак, од Судскиот совет имаше поинакво мислење од мнозинството. Тој смета дека пресудата на Управен е правен преседан чии последици допрва ќе се почувствуваат во правниот систем на државата

Членовите одлучија и сите заедно да работат на потребните измени на деловникот за работа на Судскиот совет. Распишаа избори на 29-ти јануари, на кои сите судии ќе гласаат за член на Судскиот совет од редот на немнозинските заедници кои се помалку од 20 насто од населението.

Игор Панов