Иран

По две недели протести, Иран тврди дека ситуацијата е под контрола

13.01.2026 19:37

По две недели протести со стотици жртви, Иран тврди дека ситуацијата е под контрола. САД ги повикаа своите граѓани да ја напуштат земјата. Трамп ги откажа сите средби со иранските претставници додека не престане, како што рече, бесмисленото убивање...

По две недели протести со стотици жртви, Иран тврди дека ситуацијата е под контрола. САД ги повикаа своите граѓани да ја напуштат земјата. Трамп најави итни царини од 25% за земјите што соработуваат со Техеран, и ги повика демонстрантите да продолжат со протестите, велејќи им дека „помошта доаѓа“. Тој ги откажа сите средби со иранските претставници додека не престане, како што рече, бесмисленото убивање. Иако дипломатијата е прва опција, Вашингтон не исклучува и воени мерки. Техеран подготвен на сè.

„Дипломатијата е секогаш првата опција за претседателот. Сепак, претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции, доколку и кога смета дека е потребно“, истакна Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.

„Подготвени сме за сè. Ако САД или Израел сакаат да пробаат воена конфронтација што ја пробаа еднаш и не успеаја, ние сме подготвени. Ако сакаат други опции, исто така сме подготвени“, порача Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.

Кина се противи на мешање во внатрешните работи. ООН повикуваат на мирно решение, додека Брисел најавува нови санкции за Иран. Израел ги подигна безбедносните мерки поради можни акции од Вашингтон.