Итни прекини на електричната енергија во Киев
Зеленски изјави дека одбраната на фронтот продолжува и покрај тешките услови и руските напади...

Итни прекини на електричната енергија во Киев, додека Русија продолжува со нападите врз критичната инфраструктура. Москва тврди дека напредува во Харков додека украинските сили се повлекуваат од позициите.
Зеленски изјави дека одбраната на фронтот продолжува и покрај тешките услови и руските напади.
Се осврна на прашањето за набавка на американско оружје финансирано од придонеси од европските сојузници и потребата од воздушна одбрана.
„Важно е сите договори со нашите партнери да се спроведуваат ефикасно и навремено. Програмата PURL треба да се исполни, во јануари е направено премалку. Во моментов сме ангажирани во многу продуктивна работа со претседателот на САД и неговиот тим. Ги разгледавме сите детали. Ги информирав за ситуацијата со руските напади и потребата од воздушна одбрана“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
