Гренланд

Mинистрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, на директни разговори во Белата куќа

14.01.2026 10:16

Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, на нивно барање, денеска ќе одржат директни разговори во Белата куќа со потпретседателот на САД Венс и шефот на дипломатијата Рубио, во услови на засилени притисоци од претседателот Трамп...

Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, на нивно барање, денеска ќе одржат директни разговори во Белата куќа со потпретседателот на САД Венс и шефот на дипломатијата Рубио, во услови на засилени притисоци од претседателот Трамп за контрола врз арктичкиот остров, кој според него би можел да биде загрозен од Кина и Русија.

Гренланд нагласува дека одбраната на островот е во рамките на НАТО, и не прифаќа американско преземање.

Ако треба да избира, тогаш ја избира Данска пред САД-изјави премиерот на Гренланд пред очекуваниот состанок во Вашингтон.

„Се соочуваме со геополитичка криза и ако треба да избираме помеѓу САД и Данска тука и сега, тогаш ја избираме Данска. Го избираме НАТО. Го избираме Кралството Данска. Ја избираме Европската Унија“, изјави Јенс-Фредерик Нилсен – премиер на Гренланд.