Најмалку пет федерални обвинители во Минесота поднесоа оставки
Најмалку пет федерални обвинители во Минесота поднесоа оставки поради контроверзноста околу тоа како Министерството за правда ја води истрагата за смртоносниот инцидент...

Најмалку пет федерални обвинители во Минесота поднесоа оставки поради контроверзноста околу тоа како Министерството за правда ја води истрагата за смртоносниот инцидент, во кој жена беше убиена од имиграциски агент. Меѓу нив е и првиот помошник државен обвинител Џо Томпсон.
ФБИ продолжува со истрагата, додека Министерството за правда соопшти дека нема основа за кривична истрага за граѓански права. Во истовреме, протестите во Минеаполис продолжија, а федералните агенти повторно употребија солзавец и пипер спреј.
На улиците излегоа ученици и активисти против имиграциските мерки на Трамп.
Минесота и градовите ја тужат федералната влада по најавата за испраќање над 2.000 агенти, додека федералните власти ветуваат продолжување на апсењата.
