Коцкесто...
Синоќешното финале во Њу Јорк, беше меч на двајца тенисери надвор од сите превидувања и очекувања...

Финале на америкаскиот тениски грен слем какво неговата историја не памети, Хрватско-Јапонско со победа на коцкестиот во името на Марин Чилиќ. Нишикори ќе остане заведен во американскиот и воопшто во тенискиот грен слем бележник, како прв јапонец кој го играл последниот меч на турнирот. Сега хрватите по Вимблдон 2001-та и Иванишевиќ од кого ги добива и главните совети Чилиќ, го запишуваат вториот грен слем освојувач.
Синоќешното финале во Њу Јорк, беше меч на двајца тенисери надвор од сите превидувања и очекувања. Ако се знеше дека до предпоследниот стигнаа бројот еден во светот Ѓоковиќ и вториот на Флешинг Медоу, Федерер, надвор од умот беше поинаков есап. За првпат по 2005-тата во финале не игра некој од овие две маркантни имиња, вклучително и Надал.
Но и од како бидна вака, статусот во Њу Јорк ја даваша предноста теоретски на Нишикори носителски 11-тиот, на сметка на Чилич 14-тиот.По виденото од нив во ½ финалињта, се влезе во последниот дуел со слика дека работите ќе се одвиваат неизвесно. Но не беше така, Чилиќ беше во три сета подоминатниот, посигурниот и на крајот човекот со својот прв грен слем трофеј до кој, од ¼ финалето немаше згубен сет. Досега хрватот важеше за тенисер за мали турнири, со само една ½ финална грен слем искра, за оваа да заврши сензационално. И што може да биде поголема чест кога на сево ова бајковидно случување пред очите на Чилиќ ќе се придодаде и кажаното, БЕШЕ СОВРШЕН, од некој кој што има освоено се во овој спорт Федерер, кој патем мораше да му пружи ½ финално рака на хрватот.
Потсетуваме, кај дамите Серена Вилијамс на домашниот терен и турнир дојде до рекордниот 6-ти УС трофеј, до кој буквално прегази се пред себе.
Банковното конто и на обајцата освојувачи набилдано за три милиони долари, со тоа што Серена го собра и бонусот од милионче како победничка и на Синсинати мастерсот.