Македонија

Општините за новогодишно украсување потрошиле 785 илјади евра

14.01.2026 18:09

Вкупно 36 општини имале тендери за украсување...

Општините за новогодишно украсување потрошиле 785 илјади евра. 78 проценти од вредноста на набавките, концентрирани кај една фирма – ова го покажа истражувањето на центарот за граѓански комуникации. Вкупно 36 општини имале тендери за украсување. Најмногу пари издвоила општина Штип, 81 илјада евра, а град Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 185 илјади евра, но, сите со една иста фирма.

Во просек, Штип потрошил за украсување 111 денари по жител, а Скопје 8 денари. На 81% од тендерите за украсување немало конкуренција, односно учествувала само по една фирма, а компанијата „Линк медиа плус“ добила 78% од вредноста на сите тендери.