Во Вашингтон директни разговори за Гренланд
Tензии меѓу Вашингтон и Гренланд. Aмериканскиот претседател, Трамп тврди дека островот треба да стане дел од САД. премиерот на островот дециден доколку мора да избира, Гренланд ја бира Данска, а не Америка. Во меѓувреме, данските и гренландските власти на разговори во Белата куќа, додека европските сојузници јасно порачуваат-Гренланд не е на продажба.

Премиерот на Гренланд ќе има проблеми – оваа порака ја испрати шефот на Белата куќа, Доналд Трамп откако предводникот на островот кажа дека сакаат да останат дел од кралството Данска и оти не сакаат Вашингтон да ги контролира.
„Па тоа е нивен проблем. Не се согласувам со него. Не знам кој е тој и не знам ништо за тој премиер, но ова ќе биде голем проблем за него“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Од почетокот на својот втор мандат, Трамп постојано повторува дека Гренланд треба да биде дел од сад поради неговата стратешка важност за националната безбедност. Тензиите дополнително се зголемија по воената операција на САД во Венецуела. Лидерите на сите пет парламентарни партии на островот во заедничка изјава го осудија притисокот од Вашингтон и јасно се спротивставуваат на приклучувањето кон САД.
„Се соочуваме со геополитичка криза и ако треба да избираме помеѓу САД и Данска тука и сега, тогаш ја избираме Данска. Го избираме НАТО. Го избираме кралството Данска. Ја избираме Европската унија“, изјави Јенс-Фредерик Нилсен-премиер на Гренланд.
Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд отпатуваа на разговори во Белата куќа со потпретседателот на САД, Венс и шефот на дипломатијата Рубио. Шефот на француската дипломатија изјави дека „Гренланд не е на продажба“ и САД мора да престанат со оваа уцена.
„Гренланд не сака ниту да биде во сопственост, ниту управуван од САД. Гренланд ги избра Данска, НАТО и Европската унија. Напад врз друга земја членка на НАТО не би имало смисла, би било спротивно и на интересите на сад и затоа оваа уцена мора да престане“, изјави Жан Ноел Баро – француски министер за надворешни работи.
Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, согласно со плановите реализирани минатата година.
Катерина Бојаџиева
