Политика
СДСМ: Мора да има техничка влада
14.01.2026 13:20
Техничката влада мора да остане, таа е единствен механизам за фер избори, велат од СДСМ. Тие денеска не присуствуваат на лидерската, порака испратија од прес-конференцијата која ја одржа Александар Саша Димитријевиќ...

Сите што одат на средба со Мицкоски ги легитимираат криминалот и корупцијата. Техничката влада мора да остане, таа е единствен механизам за фер избори, велат од СДСМ. Тие денеска не присуствуваат на лидерската, порака испратија од прес-конференцијата која ја одржа Александар Саша Димитријевиќ, генералниот секретар на партијата. Социјалдемократите посочуваат дека средбата е алиби за веќе договорени предвремени избори и начин да се скрие криминалот на власта.
Ирина Гелевска известува од седиштето на СДСМ.
