Маратонско пливање
Допрани височините!
09.09.2014 11:54
По последниот 7-ми испливан маратон во Капри, Италија на невреме проследено со бранови, Поп Ацев доплива до второт место, Стефановски до 9-тото...

Она што дојде како убава вест е објавената официјална светска листа во маратонско пливање. Од 43 пливачи нашите Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев се на делбата на второто место.
По последниот 7-ми испливан маратон во Капри, Италија на невреме проследено со бранови, Поп Ацев доплива до второт место, Стефановски до 9-тото.
Испливаните севкупно 292 киломкетри на Стефановски на сите 7 маратони и којзнае колку препливани километри екстра, плус кога ќе ги придодадеме и 43-те години ја прави тежината на овој резултат. Кај Поп Ацев, големината на
успехот се мери по година дена пауза и фаќање приклучок на сезоната на средина.
Огромно е достигнувањето како за нив самите, така и за Македонија.
