Македонија

Потребата од техничка влада пред избори ја бранува политичката сцена

14.01.2026 16:51

Нефункционалност поради врзаните потписи, поделби и кавги во владата, но и поголема сигурност на опозицијата дека изборите ќе бидат фер – ова е досегашното искуство од техничката влада. Сепак, се поставува прашањето дали пржинскиот модел треба да остане, или, веќе го отслужи своето...

Уставен експеримент или неопходна потреба да се балансираат длабоките поделби во општеството – потребата од техничка влада пред избори ја бранува политичката сцена. Дел од правниците појаснуваат – причините за формирање влада со учество на опозицијата на 100 дена пред гласањето се надминати и Пржинскиот модел треба да се напушти. Доказ за тоа е фактот што неколку циклуси се покажува дека земјава има демократски капацитет да спроведе фер избори.

И Кржаловски од МЦМС смета дека преодното решение што во 2016 – та беше постигнато со консензус на сите политички фактори, и со посредство на Меѓународната заедница треба да се напушти. Но, тој предупредува дека на тоа треба да се согласи и опозицијата за да има политичка стабилност.

Во минатото имаше неколку обиди да се направат законски измени за напуштање на техничката влада, но беа неуспешни.

Игор Панов