Недостигаат инспектори за Законот за заштита од пушење
Недостигаат инспектори за спроведување на предложениот Закон за заштита од пушењето што треба да стапи во сила на 1-ви март. Најтенка е пазарната инспекција. Министерот за економија, Дурмиши, најави вработување на 40 инспектори, кадар што треба да биде готов до средината на годинава.

Во Македонија нема доволно инспектори за да го контролираат спроведувањето на Законот за заштита од пушење што треба да почне да се применува од 1-ви март. Министерот Дурмиши вели дека ќе се вработат уште 40, но најрано летоска ќе почнат со контроли, откако ќе ги поминат неопходните обуки.
Пазарните инспектори ги нема доволно, а треба да ги контролираат и цените. Владата засега не планира да носи мерки, бидејќи инфлацијата почнала да се намалува, што се забележува и во јануари.
Надлежните уверуваат, засилени се инспекциите, спроведени се над 20.000 контроли и изречени над 2,5 милиони евра казни за трговците кои неоправдано ги зголемиле цените.
Викторија Милевска
